УБАВИНАТА

започнува со самодоверба

Современи естетски третмани создадени да ви помогнат да се чувствувате добро во својата кожа.

Sapp hero2

Наши услуги

Ласерска епилација

Заборавете на секојдневното бричење, болните депилации и враснатите влакна.

Со Elysion Pro ласерската технологија овозможуваме ефикасно и долгорочно намалување на несаканите влакна на лице и тело.

✓ За жени и мажи
✓ Различни региони на телото
✓ Комфорен третман
✓ Помазна кожа

Дознај повеќе

Ласерска епилација со Elysion Pro

Viora Skin & Body

Современи третмани за затегнување на кожа, подмладување и обликување на тело без хируршка интервенција.

Со V-ST и V-Form технологиите работиме на подобрување на квалитетот на кожата, стимулирање на колагенот и третирање на проблематични региони.

✓ Подобрување на текстурата
✓ Намалување на опуштеност
✓ Подобрување на контурите

Дознај повеќе

Wonder Prestige

Револуционерна технологија за обликување на тело и активација на мускулатурата.

Wonder комбинира електромагнетни и невромускулни емисии за интензивна мускулна стимулација и подобрување на тонусот на телото.

✓ Поцврст стомак
✓ Подигнат задник
✓ Подобар мускулен тонус
✓ Само 25 минути по сесија

Дознај повеќе

zanas

Добредојдовте во

Sapphire Laser Clinic

Во свет во кој секојдневно сме изложени на нереални стандарди за убавина, ние веруваме во нешто многу поедноставно – да се чувствувате добро во својата кожа.

Во Sapphire Laser Clinic не ветуваме совршенство.

Ветуваме професионален пристап, искрен совет и третмани базирани на современа технологија кои можат да ви помогнат да ја постигнете најдобрата верзија од себе.

Од првата консултација до последниот третман, нашата цел е секој клиент да добие решение кое е прилагодено токму за него.

Бидејќи секоја кожа е различна. Секое тело е различно. И секоја приказна е различна.

Зошто клиентите ја избираат Sapphire Laser Clinic?

Индивидуален пристап

Не постои универзално решение за сите. Секој третман започнува со консултација и проценка на вашите потреби.

Современа технологија

Работиме со докажани технологии кои се користат во современата естетска индустрија ширум светот.

Реални очекувања

Веруваме во искрен пристап и реални резултати, без лажни ветувања и нереални очекувања.

Комфор и доверба

Создаваме средина во која клиентите се чувствуваат пријатно, безбедно и опуштено.

Малите промени прават голема разлика

Понекогаш доволно е да се ослободите од нешто што ве оптоварува со години. Несакани влакна. Опуштена кожа. Недостаток на тонус. Нашите третмани се создадени за луѓе кои сакаат да инвестираат во себе и да се чувствуваат подобро секој ден.

Локација

Адреса:

Партизански одреди 66 Б, Скопје, Македонија

Закажете термин:

077 222 106