WONDER PRESTIGE

МУСКУЛЕН ТОНУС И ОБЛИКУВАЊЕ НА ТЕЛОТО

ЗА АПАРАТОТ

Wonder Prestige е систем за неинвазивно обликување на телото кој комбинира електромагнетна и невромускулна стимулација. Со апликатори поставени на избраните регии активира повеќе мускулни групи во една сесија.

КАКО ДЕЛУВА?

Апаратот испорачува импулси што предизвикуваат повторливи мускулни контракции и опуштања. Мускулите интензивно се активираат додека клиентот лежи, со програма и интензитет приспособени на индивидуалната цел и толеранција.

Редовните сесии се насочени кон подобрување на мускулниот тонус, цврстината и дефиницијата на третираните регии.

ПРИДОБИВКИ

✓ Тонирање и поцврст изглед на стомакот.
✓ Обликување и подигнат изглед на задникот.
✓ Подобрување на мускулната дефиниција на нозете.
✓ Тонирање на рацете.
✓ Истовремена работа на повеќе мускулни групи.

РЕГИИ ШТО СЕ ТРЕТИРААТ

Стомак • Задник • Нозе • Раце

25 МИНУТИ ПО СЕСИЈА+
Апликаторите се поставуваат на избраните регии, по што се активира програмата. За време на сесијата се чувствуваат ритмични мускулни контракции со различен интензитет. Третманот се изведува без игли и без хируршка интервенција.
КОЛКУ ТРЕТМАНИ СЕ ПРЕПОРАЧУВААТ?+
Во Sapphire Laser Clinic третманите се изведуваат 2–3 пати неделно. За видливо подобрување на тонусот и обликувањето најчесто се планира серија од околу 12 третмани, со приспособување според почетната состојба и целта.
ШТО ДА СЕ ОЧЕКУВА?+
Промените се развиваат во текот на серијата. Резултатите зависат од почетниот мускулен тонус, поткожните масни наслаги, редовноста на третманите и животните навики. Физичката активност и балансираната исхрана придонесуваат за одржување на постигнатите резултати.

Закажете бесплатна консултација уште денес